Дома Фудбал Мурињо се интересира од Марко Асенсио

Мурињо се интересира од Марко Асенсио

Позајмицата на шпанскиот офанзивен играч за врска Марко Асенсио во Астон Вила заврши, но сите знаци покажуваат дека тој нема да остане во сегашниот клуб Пари Сен Жермен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


29-годишниот се врати во француската престолнина, но тој не се вклопува во плановите на тренерот Луис Енрике и ќе треба да си најде нов клуб ова лето. Една од опциите за него е трансфер во Фенербахче, пишува „Фанатик“.

Жозе Мурињо бара сигурни засилувања за својот тим и играч како Асенсио би се вклопил одлично во таа улога. Тренерот веќе дал „зелено светло“ на раководството на клубот да започнат преговори за ваков трансфер. Се очекува оваа недела Фенербахче да стапи во контакт со ПСЖ за започнување на првични разговори за шпанецот.

Мурињо сака да ја засили целата своја атака и исто така преговара за Џон Дуран, каде преговорите за колумбиецот напредуваат позитивно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е првиот фудбалер кој освои два европски трофеи во иста сезона!

Еван Гесанд ја испиша фудбалската историја станувајќи првиот играч кој во една натпреварув…