Дома Фудбал Челзи на играчи од Брајтон потроши над 300 милиони

Челзи на играчи од Брајтон потроши над 300 милиони

Нов играч на лондонскиот клуб наскоро ќе стане Жоао Педро, кој е уште еден во редот на Брајтон

Талентираниот бразилски напаѓач го привлече вниманието со своите солидни настапи во Премиер лигата оваа сезона, што беше доволно да ги убеди спортските директори на освојувачот на Лигата на конференции да потрошат речиси 60.000.000 фунти на него. Договорот ќе биде потпишан на дури седум години, па така Педро ќе стане четвртата аквизиција на Челзи од Брајтон во последните три години.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Најскапата аквизиција од јужниот брег беше Моисес Каиседо, кого тимот од Стамфорд Бриџ го плати 133.000.000 евра летото 2023 година. Во истото трансферно лето, во главниот град пристигна и Роберт Санчес за 29.000.000, додека Марк Кукурела синиот дрес го облече една година порано.

Цената која двојниот европски првак ја издвоил за Шпанецот изнесуваше 65.000.000 евро. Но, тоа не е сè. Челзи тоа лето им даде на „галебите“ и 25.000.000 за нивниот тогашен тренер, Греам Потер. Така, вкупно околу 315.000.000!

Англичанецот го отпуштија по само седум месеци, Санчес не ги оправда очекувањата. Каиседо покажува солиден квалитет, но тежината на големото обесштетување лежи на неговите рамена. Како единствена финансиски делумно успешна работа се покажа аквизицијата на Кукурела, кој во меѓувреме го освои и Европското првенство во 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола по шокантното испаѓање на Сити: Не можам доволно да им се заблагодарам на играчите

Пo три убедливи победи во групната фаза на Светското клупско првенство, Манчестер Сити беш…