Дома Останати Ракомет На повидок шок во Битола: Алонсо може да замине!

На повидок шок во Битола: Алонсо може да замине!

Екипата на германски Лајпциг е во потрага по нов тренер по разделбата со Рунар Сигтригсон. Во последно време, ракометниот бундеслигаш од Саксонија се поврзуваше со Раул Алонсо. Генералниот директор на Лајпциг, Карстен Гинтер, сега открива до кога сака да го ангажира наследникот на Сигтригсон.

Пет порази по ред на крајот на сезоната, само две победи во последните 14 натпревари од Бундеслигата и 13. место на табелата со 21:47 поени му пресудија на Исланѓанецот Сигтригсон, кој беше ослободен од должноста од страна на клубот. Од 11 јуни, Саксите се без главен тренер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во последно време со функцијата главен тренер на бундеслигашот се поврзуваа неколку имиња. Прво се споменуваше поранешниот тренер на Фленсбург, Николај Крикау, потоа поранешниот бундеслигаш Оскар Карлен се сметаше за сериозен кандидат. Најновото име е Раул Алонсо. Тој „сега треба да биде главен кандидат“, известува Sport Bild.

Дали Алонсо е интересен за Лајпциг?

„Има многу интересни имиња на пазарот“, изјави генералниот директор на Лајпциг, Карстен Гинтер, за handball-world без да коментира поединечни имиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

На повидок неочекувана „бомба“ – Кристофер Нкунку!

Баерн Минхен се впушти во трка за Кристофер Енкунку, а Челси е подготвен за преговори. Отк…