
Тренерот на Челси, Енцо Мереска беше жестоко револтиран поради сè што се случуваше синоќа на Светското клупско првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Челси се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство откако по продолженијата ја совлада Бенфика со 4:1.
Овој натпревар сепак беше одбележан со прекин поради грмотевици и голема опасност од бура. Натпреварот започна во 16 часот според локално време, а заврши во 20:40.
Зошто во САД сите натпревари мораат да бидат прекинати?
Безбедносните протоколи во САД се многу строги и налагаат спортските настани на отворено да се прекинат доколку се појават грмотевици.
Грмотевица во радиус од 13 километри предизвикува прекин на која било спортска манифестација во најмала рака 30 минути, и тоа е причината зошто неколку натпревари веќе биле прекинати.
Особено беше лут по сето ова Енцо Мереска, кој беше разочаран како се одигра овој меч и зошто се прекина при резултат 1:0 во 86. минута од натпреварот.
„Среќен сум што победивме, но тука се случуваат работи кои јас никогаш не можам да ги разберам и прифатам”, започна Мереска и продолжи:
„Луѓе, ова е мајтап. Ова не е фудбал. Разбирам дека натпреварот се прекинува од безбедносни причини и ја поздравувам таа одлука.
Меѓутоа, тогаш ова веројатно не е вистинско место за играње фудбал. Прекинување на натпреварот на два часа никогаш не е фудбал, ниту ќе биде. Хорор“, додаде тренерот.
Фотографија: Grok AI
.