Дома Фудбал Клоп: Ова во Америка е нешто најлошо

Клоп: Ова во Америка е нешто најлошо

Јирген Клоп, поранешен тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, а тековно начелник на одделот за светски фудбал во Ред Бул, во интервју за Дие Велт жестоко го критикуваше Светското клупско првенство кое се одржува во САД.

„Светското клупско првенство е најлошата идеја што е некогаш реализирана во фудбалот. Луѓе кои никогаш не биле дел од секојдневната работа донесуваат одлуки. Го разбирам оние кои велат: ‘Но учеството носи луди суми на пари.’ Но, тоа не е случај за секој клуб. Минатата година се одржаа Копа Америка и Европско, оваа година е Светското клупско првенство, а наредната година Светско првенство.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоа значи дека играчите кои учествуваат немаат вистинска рехабилитација, ни физички ни ментално. Секако, за сите нив заработките се огромни. Но, оставиме го тоа настрана на момент. Играч во НБА, кој исто така заработува многу пари, има четири месеци одмор секоја година.

„Можеби сè уште не сите го препознаа вистинскиот проблем – дека играчите наредната сезона ќе имаат повреди какви никогаш порано немале. Ако не оваа сезона, тогаш тоа ќе се случи на Светското првенство или потоа. Континуирано им велиме секој натпревар да го играат како да им е последен. Тоа им го велиме 70 или 75 пати годишно.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После Гарначо Челзи носи уште еден незадоволен играч на Јунајтед Наслов: После Гарначо, Челси ќе краде уште еден незадоволен од Рубен Аморим?

Гарначо ова лето пристигна од Манчестер во Лондон, а по негови стапки би можел да тргне и …