Дома Останати Тенис Лоши вести за Ѓоковиќ пред Вимблдон

Лоши вести за Ѓоковиќ пред Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби не баш добра вест пред почетокот на Вимблдон.

Тејлор Фриц, Американецот кој ја бранеше титулата во Истборн, успешно помина во финалето на турнирот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На тој пат го совлада Алехандро Давидович Фокина, со што зачува 165 АТП поени. Доколку го освои турнирот, дополнителни 85 поени ќе го постават точно пред Новак на АТП листата – и тоа за само 5 поени.

За Ѓоковиќ, кој во моментов ја држи шестата позиција, ова може да има последици во пресрет на УС Опен.

Ако падне на седмото место, жрепката може да му донесе дуели против Јаник Синер или Карлос Алкарас уште во четвртфиналето.

Иако повеќепати истакнал дека ранг листите не му се приоритет, на практично ниво, позицијата меѓу шесте најдобри има голема важност, особено кога станува збор за избегнување на најсилните противници во почетните фази од турнирот.

Во финалето на Истборн, Фриц ќе се соочи со Бруксби, а натпреварот е закажан за сабота во 17 часот.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ погоден од трагедијата: Како Србинот се збогуваше од трагично настраданата колешка (Фото)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше првиот меѓу сите српски тенисери ш…