Дома Останати Тенис Нема да му биде лесно: Еве каков пат треба да помине Ѓоковиќ за титула на Вимблдон!

Нема да му биде лесно: Еве каков пат треба да помине Ѓоковиќ за титула на Вимблдон!

Денеска беше одржана ждрепката за Вимблдон на која Ѓоковиќ го дозна својот пат..

Меѓу фаворитите е и српскиот ас Новак Ѓоковиќ, исто така шести носител, кој ќе го отвори турнирот против Александар Мулер, 40-ти играч на светот. Во следната фаза го очекува одмерување на силите со еден од Британците- Ден Еванс или Џеј Кларк.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ѓоковиќ го избегна најнезгодниот почеток на турнирот, каде во четвртфиналето можеше да се сретне со Синер или Алкараз. Сепак, се најде во делот со Синер, а евентуалниот дуел со него е можен во полуфиналето, како што беше случајот неодамна на Ролан Гарос.

Во третото коло, можни противници на Новак се Алекс Микелсен или можеби Миомир Кецмановиќ, кој се соочува со Микелсен веднаш на стартот. Во осминафиналето Ѓоковиќ може да се судри со Алекс де Минор, кој на својот пат има Томајс Махач.

Во четвртфиналето, потенцијален противник на Ѓоковиќ може да биде талентираниот Британец Џек Дрејпер, иако тој претходно ќе мора да ја совлада заканата од Бублик.

Јаник Синер, рангиран како светски број еден, ќе започне против Лука Нарди. На патот кон потенцијалното полуфинале со Ѓоковиќ ќе се соочи со носителите Денис Шаповалов, Томи Пол, а можеби и Мусети или Шелтон.

Карлос Алкараз, бранителот на титулата, кој неодамна триумфираше на Ролан Гарос, го стартува турнирот со Фабио Фоњини. Потенцијални натпреварувачи во неговата половина на ждрепката се Оже-Алиашим, Циципас или Рубљов, како и Руне (или Грикспор, Леечка или Тиафо). Него му се смука најлестата половина од ждрепката и очекувано е полуфинале со Зверев.

Фото: Wimbledon/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски во полуфиналето во Загреб може да игра со синот на Иванишевиќ!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот М…