Дома Фудбал Бундеслигата ќе започне со големо дерби

Бундеслигата ќе започне со големо дерби

Новата сезона на Бундеслигата ќе започне со атрактивен натпревар меѓу шампионот Бајерн Минхен и РБ Лајпциг.

Ова го објави раководството на Германската фудбалска лига (DFL). Првиот натпревар од сезоната ќе се игра на 22 август (петок) на “Алианц Арена” во Минхен, а по него викендот ќе се одиграат и другите натпревари.

Фановите имаа можност да ја откријат дел од програмата за следното коло на веб-страницата на лигата преку сложувалка. До сега е познат уште еден натпревар од првото коло – Ајнтрахт Франкфурт против Вердер (Бремен).

Целосната програма на 63-то издание на највисоката германска лига ќе биде објавена утре, соопшти ДПА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи притиска за Скот: Борнмут бара повеќе од 100 милиони фунти!

Лондонскиот клуб ги обновил разговорите за Алекс Скот и верува дека може да го доведе во ј…