Дома Фудбал Џин од Бремен од 60 милиони евра, во ред чекаат Бајерн, Реал, Челси…

Џин од Бремен од 60 милиони евра, во ред чекаат Бајерн, Реал, Челси…

Познатата народна изрека вели дека најтешко е да се биде пророк во своето село, а тоа се покажа и во случајот на младиот германски репрезентативец Ник Волтемаде (23).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роден во Бремен и потекнат во Вердер, напаѓач висок 198 см не успеа да се афирмира во родното место, па среќата во фудбалот пред една година ја побара во Штутгарт кој го донесе без обесштетување по истекот на договорот.

По само една сезона, Волтемаде се наоѓа на радарот на големите европски клубови, се споменува Баерн кој го контактирал уште во февруари, наводно и Реал Мадрид, а Штутгарт ќе може да смета на сериозно обесштетување доколку одлучи да го продаде стрелецот на шест гола на актуелното Европско првенство за играчи до 21 година.

Не само турнирот во Словачка што го препорача високиот напаѓач на моќните европски клубови, туку станува збор за фудбалер кој со 12 гола и две асистенции достојно го замени Серу Гираси во дресот на “швабите”, па не е ни чудо што на стадионот “Мерцедес арена” бараат цели 60.000.000 евра за Волтемаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал на повидок пред Мундијалот: ФИФА под сериозна истрага!

Светската фудбалска организација ФИФА се соочува со прашања по обвинувањата за „искуствено…