Дома Фудбал Навивачите бесни: Гарначо се фотографираше во дрес на друг клуб (Фото)

Навивачите бесни: Гарначо се фотографираше во дрес на друг клуб (Фото)

Аргентинскиот крилен фудбалер ова лето ќе го напушти Манчестер Јунајтед, откако Рубен Аморим му сугерираше да разгледа нови опции за кариерата, неколку дена по финалето на Лига Европа и поразот од Тотенхем.

Гарначо не беше во тимот за последниот натпревар на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата против Астон Вила, но сепак патуваше со остатокот од тимот на турнејата во Азија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И покрај тоа, ова лето одлучено е да замине од Олд Трафорд, додека неколку клубови покажаа интерес за неговиот потпис.

Први на листата на заинтересирани екипи се Челзи, Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид, а Наполи исто така ја следи ситуацијата.

Во меѓувреме, Гарначо го привлече вниманието објавувајќи фотографија на Инстаграм на која носи дрес на Астон Вила, со името Рашфорд и бројот девет на грбот.

Маркус Рашфорд не остана рамнодушен и на оваа поддршка од Гарначо му врати.

“Мојот брат”, коментираше Рашфорд, придружувајќи го коментарот со срце емоџи.

Голем дел од навивачите на Манчестер Јунајтед не го прифатија најдобро овој потег, вклучувајќи го и познатиот фан на клубот, Марк Голдбриџ.

“Добар одговор на оние кои те поддржуваат. Интересна реакција кон навивачите на Манчестер Јунајтед,” изјави Голдбриџ.

Фото: Manchester United/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најплатениот фудбалер во Премиер лигата заработува 2,5 милиони евра месечно!

Поради почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија листа на Топ 10 најплатени …