
Иако навивачите и клубот Сампдорија веќе прифатија дека ќе испаднат во Серија Ц, сепак се случи неочекуван пресврт.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Повеќе од месец дена по завршувањето на регуларниот дел од сезоната во Серија Б, се случи изненадување – Бреша банкротираше, што отвори можност за уште еден клуб да остане во втората лига.
Овој административен хаос и даде шанса на Сампдорија, наместо Бреша, да учествува во разигрувањето за опстанок. Нивни противник беше Салернитана, а тимот од Џенова ја искористи можноста на најдобар можен начин.
Во првиот натпревар од разигрувањето, Сампдорија победи со 2:0 на домашен терен. Во реваншот го повторија истиот резултат кога натпреварот беше прекинат поради хаос на трибините. Гневните навивачи на Салернитана, разочарани од испаѓањето во третата лига, фрлаа столици и предмети на теренот, што доведе до прекин на натпреварот.
На крај, со двојна победа (вкупно 4:0), Сампдорија го обезбеди опстанокот во Серија Б, додека Салернитана по низата проблеми и драматична сезона преминува во Серија Ц. Оваа приказна уште еднаш го покажува колку може да биде непредвидлив светот на италијанскиот фудбал, не само на теренот, туку и надвор од него.
Фото: U.C.Sampdoria/X