
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, зборуваше пред медиумите пред вториот натпревар за “лос бланкос” од Светското клупско првенство – против мексиканскиот Пачука.
“Очекуваме интензивен и многу важен натпревар против добар противник. Тренерот на Пачука, Хајме Лозано, има импресивна кариера. Сакаме да играме добро и да победиме во ова многу кратко натпреварување. Сакаме да играме поквалитетна игра со и без топка. Имавме пет тренинзи и еден натпревар, но календарот те принудува да играш добро.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Сè уште е рано за генерална анализа. Бараме решенија, а натпреварите ни покажуваат што да подобриме. Имав многу добри тренери во кариерата и научив понешто од секој, но важно е да имаш своја лична индивидуалност“, започна тој.
„Мбапе е сè подобар. Се врати од болницата пред два дена. Се опоравува и со секој ден сме пооптимистични за неговото учество во следниот натпревар против РБ Салцбург. Неговиот заменик, Гонсало Гарсија, се снајде многу добро во првиот натпревар. Ридигер доби медицинско одобрение и е вклучен во составот. Тој ќе биде многу важен играч“.