
Поранешната НБА ѕвезда Демаркус Казинс соопшти вечерва во една емисија дека играчите на Феникс Санс минатата сезона се тепале меѓусебно во соблекувалната неколку пати.
Демаркус Казинс вечерва откри дека играчите на Феникс Санс се тепале во соблекувалната и дека тоа е веројатно причината поради која сезоната беше катастрофална и поради која ѕвездите на тимот од Аризона претрпеа понижување останувајќи без плејофот.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Казинс во емисијата одби да ги открие имињата, но даде неколку детали.
„Многу нешта се случуваа и многу работи за кои не се зборуваше. Не сакам да бидам тој што изнесува такви работи, но слушнав многу негативни работи од соблекувалната. Неколку пати летнаа тупаници. Многу нешта се случуваа и сето тоа се пренесе на теренот. Не сакам да навлегувам во детали и да кажувам кој се тепаше“
Веднаш реагираше Кевин Дурант кој на социјалните мрежи сè негираше.
„Морам да му одговорам. Зборува глупости. Да, да. Бевме лоши годинава, но нешто такво ни од далеку не се случи. Никогаш.“
Казинс му возврати веднаш.
„Изворот ми е еден од твоите соиграчи. И воопшто не се однесуваше на тебе“, истакна Казинс со конечен одговор на КД.
Фото: Принтскрин