Дома Фудбал Спектакуларниот трансфер на Вирц е меѓу „топ-10“ во историјата, но тоа „не мириса на добро“

Спектакуларниот трансфер на Вирц е меѓу „топ-10“ во историјата, но тоа „не мириса на добро“

Како што се развиваше фудбалот, во него од сите страни се вбризгуваа пари, а со тоа и трансферите на играчите кои од преоден рок во преоден рок нудат суми од кои ни се завртува во главата.

Одамна е пробиена магичната граница од 100.000.000 евра кога станува збор за трансферите, Пари Сен Жермен за Нејмар даде и повеќе од двојно, но не секој „скап” трансфер беше и вратен со добри резултати на теренот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Вчера Ливерпул со доаѓањето на Германецот Флоријан Вирц од Бајер Леверкузен за, според специјализираниот портал „Transfermarkt“, 125.000.000 евра ја помести својата и границите на Премиер лигата, оствари најголем трансфер во историјата на Англија, но Вирц не е ниту во ТОП 5 на сите времиња.

Неоспорен е Бразилецот Нејмар кого Пари Сен Жермен го доведе од Барселона за неверојатни 222.000.000 евра, а Нејмар им „врати“ неосвојувајќи ја Лигата на шампионите на која мораа да чекаат до минатиот мај.

И вториот најголем трансфер во историјата на фудбалот е поврзан со актуелниот првак на Европа. ПСЖ за Килијан Мбапе на Монако им плати 180.000.000 евра, како што знаете ниту Мбапе не беше тој кој им го оствари сонот, само кога замина од Париз и отиде во Реал, престолнината на Франција го виде пехарот на Лигата на шампионите.

Кога ќе го погледнеме она што го направија за ПСЖ Нејмар и Мбапе тоа воопшто не е така малку во споредба со третиот на листата на најголемите трансфери, преминувањето на веќе заборавениот Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за 135.000.000 евра, Бразилецот на „Камп ноу“, слободно можеме да кажеме, не покажа ништо.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета за шансите за титулата: Ако копаш, еден ден ќе дојдеш до златото!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за шансите на неговиот тим да ја осворат тит…