Дома Останати Кошарка Лудница во НБА лигата. Индијана стигнаа до седмиот меч во финалето и се на чекор до историја

Лудница во НБА лигата. Индијана стигнаа до седмиот меч во финалето и се на чекор до историја

Кошаркарите на Индијана Пејсерс ја совладаа Оклахома Сити Тандер на свој терен (108:91) во шестиот натпревар од големото финале на НБА лигата.

Со ова, резултатот во серијата е израмнет на 3:3, што значи дека за прв пат од 2016 година ќе гледаме седми натпревар во финалето.

Да потсетиме, таа година Кливленд Кавалиерс ги совладаа Голден Стејт Вориорс и го освоија првенството.

Седмиот натпревар ќе се одржи во ноќта помеѓу недела и понеделник, во два часот наутро по македонско време.

Натпреварот ќе се игра во Оклахома, а без разлика кој ќе победи, ќе го освои првиот НБА шампионски наслов во својот историјат. Оклахома беше голем фаворит пред финалето, така што победата на Индијана би била мало чудо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…