Дома Фудбал Нуњез е свесен дека доаѓа крајот во Ливерпул, но време е за нов голем трансфер

Нуњез е свесен дека доаѓа крајот во Ливерпул, но време е за нов голем трансфер

Како што стојат работите, Дарвин Нуњез е еден од играчите кои ова лето ќе го напуштат Ливерпул и ќе ја бараат својата среќа на некое друго место.

Наводно, Нуњез има многу добри понуди од Саудиска Арабија, но тој сака да ја продолжи својата кариера во Европа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според пишувањата на странските медиуми, токму Нуњез е многу време мета на Антонио Конте и неговиот Наполи.

Во овој клуб веруваат дека може да го донесат Нуњез за помалку од 50 милиони евра за да ги решат сите свои проблеми во нападот.

„Наполи подготвува уште еден круг преговори со кампот на Дарвин Нуњез оваа недела за да направат напредок во преговорите.

Има уште неколку клубови што го сакаат од Саудиска Арабија, но Наполи се обидува веќе неколку недели и не се откажуваат”, тврди Фабрицио Романо.

Освен тоа, челниците на Ливерпул наводно веќе водат преговори со Наполи за да се изврши трансферот што е можно порано.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Враќање на клучните играчи: Халанд и Родри повторно во составот

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, официјално потврди дека оваа недела тимот повто…