Дома Фудбал Барселона добива мега-засилување, Романо ги објави деталите

Барселона добива мега-засилување, Романо ги објави деталите

Младиот ас на Атлетик Билбао и член на шпанската репрезентација, Нико Вилијамс, е на чекор до сензационален трансфер во Барселона. Според најновите информации од шпанските медиуми, офанзивецот веќе ги усогласил личните услови со каталонскиот гигант и се очекува наскоро официјално да биде претставен како ново засилување на тимот од „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вилијамс, кој беше мета на неколку врвни европски клубови, сепак ја избрал Барселона како своја следна дестинација, потпишувајќи договор на шест години, што значи дека ќе остане во клубот најмалку до јуни 2031 година.

Реномираниот трансфер-експерт Фабрицио Романо пренесува дека младата ѕвезда ќе заработува помеѓу седум и осум милиони евра по сезона.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал подготвен да плати 65 милиони фунти за да потпише со ѕвезда од Премиер лигата

Арсенал разгледуваат сериозен потег за Езри Конса, со понуда од околу 65 милиони фунти за …