Дома Останати Ракомет Македонија ќе се кандидира за организатор на ракометно Европско првенство!

Македонија ќе се кандидира за организатор на ракометно Европско првенство!

Македонија повторно би можела да биде дел од голема ракометна приказна. Како што најави претседателот на Ракометниот сојуз на Словенија, Бор Рожман, на денешната панел-дискусија во Љубљана, постои реална можност нашата земја да биде ко-организатор на Европското првенство во ракомет за мажи во 2034 година.

Идејата е да се подготви заедничка кандидатура со Србија и Словенија, а разговорите и подготовките веќе се во тек. Планот е секоја од трите држави да биде домаќин на по две групи од првата фаза, додека големото финале би се одиграло во белградската Арена, поради нејзиниот капацитет и инфраструктура.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Доколку ова сценарио стане реалност, Македонија ќе го организира најголемиот ракометен настан во својата историја. Досега, земјава беше домаќин на Европското првенство во женска конкуренција двапати – самостојно во 2008 година и како ко-организатор со Словенија и Црна Гора во 2022 година.

Очекувањата се големи, а ракометната јавност со нетрпение ќе го следи развојот на оваа иницијатива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Втор пораз за младите ракометари: Испуштивме пет гола предност и ги загубивме шансите за втора фаза!

Македонската ракометна репрезентација до 21 година го запиша и вториот пораз на Светското …