Дома Фудбал Гвардиола: Мораме да му ги вратиме на Грилиш пеперутките во стомакот

Гвардиола: Мораме да му ги вратиме на Грилиш пеперутките во стомакот

На прес-конференцијата, тренерот Пеп Гвардиола се фокусираше на отсуството на Џек Грилиш од тимот кој патува во САД, и објасни ги причините за оваа одлука.

„Џек е извонреден играч, но одлучивме дека е подобро за него да остане во Англија и да се врати на нивото кое го покажа во сезоната кога освоивме требл, како и во кариерата во Астон Вила,“ рече Гвардиола.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Грилиш пристигна во Манчестер Сити летото 2021 година од Астон Вила за 117 милиони евра, и беше важен член на екипата која минатата година ја освои УЕФА Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА купот.

Сепак, во последните две сезони имаше многу мал учинок, со само четири постигнати голови во лигашките натпревари, а во минатата сезона само 16 пати беше стартер како прв избор во тимот.

„Без него би ни било потешко да го оствариме успехот, но вистината е дека немаше доволно минути на теренот во последните две сезони. Мораме да му го вратиме чувството на пеперутки во стомакот, желбата да игра на секои три дена и да го покаже својот квалитет,“ заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вредеше 100 милиони евра, сега нема клуб: Ниту една кариера не пропаднала така брзо

На полноќ заврши преодниот рок за лигите од Топ 5 па клубовите од најсилните европски лиги…