Дома Фудбал Сити со рутинска победа на стартот на СП

Сити со рутинска победа на стартот на СП

Фудбалерите на Сити релативно лесно излегоа на крај со Видад Казабланка. Натпреварот на „Линколн Фајненшл Филд“, во Филаделфија заврши со резултат 2:0.

Сити поведе по само две минути игра, откако Фил Фоден ја затресе мрежата на Мароканците, а до крајот на првото полувреме белгискиот репрезентативец Жереме Доку погоди и за 2:0.

На крајот од натпреварот, англискиот тим остана со еден играч помалку. Директен црвен картон му беше доделен на младиот дефанзивец Рико Луис поради опасна игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дибала пред враќање, но Рома со Мора и Суле ќе го нападне Каљари

Рома се подготвува за промени во одбраната, а Дибала се очекува на клупата по повредата. К…