Дома Фудбал Фудбалерот на Реал Мадрид пред 320 дена вредеше 300.000, а денес 40 милиони евра

Фудбалерот на Реал Мадрид пред 320 дена вредеше 300.000, а денес 40 милиони евра

Раул Асенсио ќе игра на Светското клупско првенство за Реал Мадрид. Неговиот настап го најавува Марка, одапнувајќи на неверојатниот раст на неговата пазарна вредност за помалку од една година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред 320 дена тогашниот тренер на Реал, Карло Анчелоти, му даде шанса на тренингот на првата екипа во предсезоната во Соединетите Американски Држави. Од тогаш до денес Асенсио одигра 42 натпревари за Реал и помина 3066 минути на теренот. Двапати асистираше. Покрај фасцинантната игра, импресионира и неговиот нагол скок во вредноста.

Од моментот кога тргна со авион за Чикаго за подготовки минатата година, до сега кога патува за САД на Светското клупско првенство, неговата вредност се покачи од 300.000 на 40 милиони евра. Тој е под договор со Реал до летото следната година.

Фото: Real Madrid C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш одговори остро на критиките на Рој Кин по подобрувањето на рекордот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, одговори прилично остро на легендата на …