Дома Фудбал Гвардиола избра нов капитен на Манчестер Сити и тоа нема да биде најдобриот во светот

Гвардиола избра нов капитен на Манчестер Сити и тоа нема да биде најдобриот во светот

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го избра Бернардо Силва за нов капитен на тимот, откако Кевин де Брујне ја напушти екипата и се приклучи на Наполи.

Гвардиола, исто така, ги именуваше Родри, официјално најдобриот фудбалер во светот, заедно со Ерлинг Халанд и Рубен Диас, како заменици на капитенот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бернардо Силва, кој е во Сити од 2017 година, има одиграно 404 натпревари и постигнато 72 гола за тимот.

Со Манчестер Сити досега освои дури 17 трофеи.

Фудбалерите на Манчестер Сити денеска во 18 часот ќе се соочат со Видат Казабланка од Мароко во Филаделфија, во рамките на првото коло од групата Ж на Светското клупско првенство.

Фото: Manchester City/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски е минато: „Машината“ од Косово станува нова „деветка“ на Барселона!

Се чини дека Барселона ја најде замената за Роберт Левандовски. Тоа е напаѓачот на Хофенха…