Дома Фудбал Братот на Џуд Белингем нема да го носи презимето на дресот: Има и добра причина

Братот на Џуд Белингем нема да го носи презимето на дресот: Има и добра причина

Помладиот брат на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, по име Џоб, ова лето направи трансфер од Сандерленд во Борусија Дортмунд, а синоќа го имаше своето деби за славниот клуб.

Џоб пристигна во истиот клуб каде што неговиот постар брат се прослави, а на фановите им се допадна еден интересен детал на неговиот дрес.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


На дресот на Џоб стои неговото име, наместо презимето Белингам, и тој објасни зошто ја донесе оваа необична одлука.

Како што изјави, неговата желба е да се издвојува и да не биде само “братот на Џуд”. Тој сака да гради своја кариера и одлуката за име на дресот е дел од тој процес.

Спортскиот директор Себастијан Кел изјави: “Дојде со познато презиме, но Џоб е сам по себе одличен играч и сакаме да му овозможиме развој без непотребен притисок”.

Џоб има само 19 години и Борусија Дортмунд го купи од Сандерленд за 30 милиони евра. Џуд, кој е две години постар од Џоб, пред две години премина од Дортмунд во Реал Мадрид за сума од 113 милиони евра и сега е една од најголемите ѕвезди, заедно со Килијан Мбапе.

Фото: Borrusia Dortmund/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само реми за Реал на дебито на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо дебитираше со реми против Ал Хилал на Светското клупско првенство. Младата над…