Дома Фудбал Покрената постапка против судијата кој го навредувал Клоп

Покрената постапка против судијата кој го навредувал Клоп

Фудбалската асоцијација на Англија (FA) покрена обвиненија против поранешниот судија во Премиер лигата, Дејвид Кут, поради навреди кон поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, снимени на видео објавено на социјалните мрежи.

Кут беше суспендиран минатиот ноември, откако се појави видео во кое наводно на недоличен начин зборува за Клоп и самиот Ливерпул. Автентичноста на видеото сè уште официјално не е потврдена.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Во декември, професионалната група за судии (PGMOL) го разреши Кут, откако беше спроведена внатрешна истрага за неговото однесување.

Денеска, ФА официјално го обвини Кут за недолично однесување и користење на навредлив јазик. Особено се потенцира дека спомнувањето на националноста на Клоп било сериозно прекршување на дисциплинските правила.

Во посебна постапка, ФА го ослободи од обвиненија за несоодветно однесување во врска со обложување.

Истражувањето започна на 27 ноември, по тврдењата дека Кут пред натпреварот меѓу Лидс Јунајтед и Вест Бромвич Албион во 2019 година разговарал со познаник за можноста да додели жолт картон на одреден играч. Тој ги нарече овие тврдења „лажни и клеветнички“.

Дополнителен скандал се појави откако The Sun во ноември објави фотографии на кои се гледа како Кут вшмркува бел прашок со американска банкнота — ден откако беше ВАР судија во четвртфиналето на ЕУРО 2024 помеѓу Шпанија и Германија.

Дејвид Кут шест години беше судија во Премиер лигата, а во 2023 година го водеше финалето на Карабао Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл Јунајтед.

Во првото интервју по почетокот на постапката, крајот на јануари, Кут откри дека е хомосексуалец и призна дека борбата со сопствената сексуалност му ја нарушила самодовербата, што довело до „многу лоши одлуки“.

Крајот на февруари, УЕФА го суспендираше на 16 месеци — до 30 јуни 2026 година — поради прекршување на основните правила на однесување и нарушување на угледот на фудбалот, особено на самиот углед на организацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Гигантот од Серија А тргнува по Митровиќ!

Александар Митровиќ стана сериозна цел на Милан! Оваа информација ја објави италијанскиот …