Дома Фудбал Јувентус ќе продава дури осум фудбалери за да собере пари за Ѓокереш

Јувентус ќе продава дури осум фудбалери за да собере пари за Ѓокереш

Виктор Ѓокереш ќе биде една од главните мети на фудбалскиот пазар ова лето, и откако „оладени се контактите“ со Арсенал и Манчестер Јунајтед, изгледа дека тој би можел да замине за Италија бидејќи Јувентус е подготвен да продаде дури осум играчи само за да го доведе напаѓачот на лисабонскиот Спортинг.

Виктор Ѓокереш привлече внимание со неговите фантастични настапи во дресот на Спортинг од Лисабон и е речиси сигурно дека ова лето ќе го смени клубот затоа што сака да направи исчекор во кариерата.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Многу клубови покажаа интерес за шведскиот репрезентативец, а во последно време најчесто се поврзува со Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Иако Јунајтед сакаше што побрзо да го заврши зделката, на крајот Ѓокереш беше тој што го одби одењето на Олд Трафорд. Тој изјави дека претпочита трансфер во Арсенал, но се чини дека не ќе се оствари тоа.

Арсенал е многу заинтересиран за овој 27-годишник, но на Емирати „оладија“ во преговорите затоа што Спортинг не сака да ја намали цената за Шведот и изрично бара 80 милиони евра за него.

Но, јасно е дека Арсенал и Јунајтед не се единствените кои го сакаат Ѓокереша во своите редови затоа што се појави информација дека во борбата за потписот на овој напаѓач повторно се вклучи и Јувентус.

Старата дама сака да го засили нападот бидејќи не се баш задоволни со игрите на Душан Влаховиќ и токму Ѓокереша го гледаат како идеално решение.

Сепак, раководството на Јувентус е свесно дека овој трансфер нема да биде едноставен и евтин бидејќи Спортинг не отстапува од цената што ја бара, а клубот од Торино прави се за да ги собере потребните пари за доаѓањето на Ѓокереш.

Покрај Влаховиќ, италијанскиот гигант сака ова лето да се ослободи од уште седум играчи, а тоа се: Даглас Луиз, Кели, Мбангула, Милик, Перин, Ругани и Костиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од магацин до Светското клупско првенство: Голманот Конор Трејси ја живее својата фудбалска бајка

Конор Трејси, голманот на Окленд Сити од Нов Зеланд, ја живее својата фудбалска бајка – од…