Дома Моторспорт Хамилтон откри што му ја уништи трката во Канада

Хамилтон откри што му ја уништи трката во Канада

Луис Хамилтон имаше уште една трка за заборав. Овој пат заврши на шестото место, а за сè е виновен ударот од мрмот.

Седумкратниот светски првак, кој и самиот е голем љубител на животните, рече дека инцидентот многу го погодил.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Тој случајно во текот на 13-от круг на трката во Монтреал удрил мрмот, а тоа нанело значителна штета на подот на неговиот болид.

Хамилтон, кој до тој момент држеше солиден ритам, рече дека сè од тој инцидент станало сè покомплицирано.

“Бев прилично задоволен сè до тој момент. Добро стартував, ја држев позицијата и сето го држев под контрола. Чувствував оптимизам”, рече Хамилтон за Sky Sports F1.

„Не ни забележав кога тоа се случи, но подоцна слушнав дека сум удрил мрмот. Тоа ме скрши. Сакам животни и сум тажен. Тоа е едноставно ужасно. Тоа никогаш претходно овде не ми се случило.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Леклер бесен на Фарари: Морате да ме слушате, овој болид не се вози!

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, донесе изненадување со освојувањето на пол позицијата за Г…