Дома Останати Тенис Алкараз: Не разбирам како го победив Синер

Алкараз: Не разбирам како го победив Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз призна дека и понатаму не му е јасно како успеал да го освои Ролан Гарос.

Минатата недела Алкараз стана третиот најмлад тенисер со пет гренд слем титули, откако го надигра Јаник Синер по пет сета и пет и пол часа игра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанецот имаше три брејк и истовремено меч топки на 2:1 во сетови, но не ги искористи, како ни сопствениот сервис гејм кој следеше.

„Сѐ уште го прегледувам телефонот, медиумите и гледам снимки од дуелот против Синер и како успеав да ги спасам меч топките. Навистина, ни самиот не разбирам како победив. Сѐ уште сум во шок кога ќе сфатам што постигнав. Сѐ уште не сум потполно свесен дека сум шампион на Ролан Гарос, рече Алкараз.

По Париз, се упати кон Ибица.

„Беше забавно, три дена и три ноќи. Доволно. Искрено, бев таму повеќе ментално отколку физички. Најлудото што го направив беше да останам надвор до доцна. Малку и танцував, но ништо повеќе од другите“, заклучи Алкараз.

Фото: Принткскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На Синер му недостигаат четири пехари за да направи нешто што Надал и Федерер не успеаја

Само Новак Ѓоковиќ успеа еднаш да го направи она што Јаник Синер го направи оваа година: д…