Дома Фудбал Наполи спрема нова трансфер „бомба“

Наполи спрема нова трансфер „бомба“

Откако потпиша со Кевин Де Бројне, Наполи сега веќе покажува интерес и за Адемола Лукман од Аталанта, информира „Газета дело спорт“.

Италијанскиот шампион е подготвен да плати до 50 милиони евра, додека клубот од Бергамо се надева на барем 60 милиони.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Лукман би бил замена за Хвиќа Кварацхелија, кој уште во средината на минатата сезона го напушти Наполи за да се приклучи на Пари Сен Жермен.

Нигерискиот репрезентативец има 27 години и веќе одигра три сезони во Аталанта.

Инаку, Дарвин Нунес од Ливерпул и Дан Ндои од Болоња се други офанзивни играчи кои се споменуваат за трансфер во Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Франк заврши една голема задача на клупата на Тотенхем

Откако ја презеде екипата на Тотенхем, Томас Франк заврши една голема задача со тоа што до…