Дома Фудбал Големо признание: Бекам влезе во специјално друштво на Фергусон

Големо признание: Бекам влезе во специјално друштво на Фергусон

Познатиот фудбалер на Манчестер Јунајтед ја доби оваа почест на доделувањето звања по повод роденденот на британскиот крал, а само мал број луѓе ја имаат таа привилегија. Освен Бекам, оваа титула претходно ја добиле и легендите на Јунајтед како Боби Чарлтон и Алекс Фергусон. Бекам ја доби титулата „сер“ поради „големиот придонес“ кон државата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед играл уште и за ПСЖ, Реал Мадрид, Милан и ЛА Галакси, а за репрезентацијата на Англија запишал 115 настапи. Бекам не сокриваше одушевување поради оваа почест и вели дека за ова сонувал:

„Растејќи во источен Лондон со родители, баба и дедо кои беа толку патриоти и горди што се Британци, никогаш не можев да замислам дека ќе добијам ваква голема почест“, изјави Бекам.

Бекам е 14-ти на листата фудбалски работници кои во Британија ја добиле титулата „сер“. 

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бенфика откри колку Реал треба да плати за Мурињо

Бенфика официјално го потврди заминувањето на Жозе Мурињо од тренерската позиција на порту…