Дома Фудбал Бруно Фернандеш објави видео со Ристовски: Ти си брат

Бруно Фернандеш објави видео со Ристовски: Ти си брат

По четири и пол години игра во Динамо, македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски (33) го заврши своето поглавје во клубот, објави тимот на својот сајт. Во својата кариера во Динамо одигра 185 официјални натпревари, постигнувајќи седум голови и забележувајќи 21 асистенција. Со додадени пријателски натпревари, овој број се зголемува на 206.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На терен секогаш го носеше дресот на Динамо со гордост и на крајот стана еден од заменик-капитените на тимот, наведоа во честитката за разделбата од Максимир, посветувајќи и видео на Ристовски.

Во видеото, Ристовски чита писмо кое го напиша за семејството на Динамо и за навивачите. Истото видео на својот Инстаграм профил го сподели и ѕвездата на Јунајтед, Бруно Фернандеш, кој заедно со Ристовски играше во Спортинг.

Португалскиот фудбалер при споделениот видео-клип напиша: “Заслужуваш се најдобро, не само на зелениот терен, туку и во животот! Ти си брат!”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Легендарниот Тјери Анри како аналитичар секогаш ја кажува својата мисла, но овој пат реши …