Дома Фудбал Ристовски заминува од Загреб: Динамо го испрати со емотивно видео

Ристовски заминува од Загреб: Динамо го испрати со емотивно видео

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски стави крај на својата успешна авантура во Динамо Загреб, по четири и пол години минати во редовите на хрватскиот шампион. Клубот преку социјалните мрежи официјално ја потврди разделбата, објавувајќи емотивно видео.

Ристовски во Загреб пристигна во 2021 година и за кратко време се етаблираше како еден од столбовите на одбраната. Во тој период успеа да освои дури осум трофеи – четири шампионски титули, два Купа и два Суперкупа, а зад себе остава и импресивен биланс од 185 официјални натпревари, седум постигнати гола и 21 асистенција.

Во видеото Динамо се потсети на некои од највпечатливите моменти на Ристовски во синиот дрес, испраќајќи му благодарност за придонесот и професионализмот, но и му посака среќа во понатамошниот дел од кариерата.

Ристовски кариерата ја започна во Вардар, а подоцна настапуваше и за Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина, Специја, Ријека и Спортинг Лисабон, пред да се врати на Балканот и да стане важен дел од хрватскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков пресврт во Барселона: Флик го кажа своето, на Алварез нема да му биде добро

Тренерот на Барселона смета дека на неговиот тим не му е потребно засилување во нападот, ш…