Дома Останати Тенис Македонија експресно ја „реши“ Ерменија и се пласираше во ранг погоре во Дејвис купот!

Македонија експресно ја „реши“ Ерменија и се пласираше во ранг погоре во Дејвис купот!

Калин Ивановски беше доминантен на теренот и со убедлива победа над Микајел Аветисјан ѝ донесе нов триумф на македонската тениска репрезентација, која со 2:0 поведе против Ерменија и ја запечати конечната победа во вториот натпреварувачки ден од Дејвис купот.

Ивановски блескаше и не му даде никаква шанса на својот противник. Првиот сет го доби со 6-2, а во вториот беше апсолутно непогрешлив, оставајќи го Ерменецот без освоен гем – 6-0.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претходно, Стефан Мицов обезбеди тежок, но вреден триумф во воведниот сингл меч, со што Македонија веќе по двете поединечни пресметки го обезбеди потребниот резултат за победа.

Мечот во двојки кој следува ќе биде само формалност, а надежите сега се насочени кон дуелот помеѓу Летонија и Молдавија – победа на Летонците денеска ќе значи и пласман на Македонија во повисок ранг на Дејвис куп натпреварувањето.

Фото: Македонски тенис Makedonski tennis/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бекер: Зверев ми е како посвоен син

Германската тениска легенда Борис Бекер (57) смета дека Александер Зверев (28) направи гре…