Дома Фудбал Пиза се пласираше во Серија А, но Изнаги – остана во Серија Б!

Пиза се пласираше во Серија А, но Изнаги – остана во Серија Б!

Тимот од Тоскана, Пиза, и нивниот тренер Филипо Инзаги одлучија да го прекинат договорот, објави клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Инзаги ја напушта Пиза само месец по големиот успех со тимот – обезбедување место во Прва италијанска лига, за првпат по 34 години. Пиза го освои второто место во Втората лига, а покрај неа, пласман во највисокото ниво изборија и Сасуоло и Кремона.

Инзаги, кој некогаш беше дел од италијанската селекција, сè уште имаше договор за уште две години. Италијанските медиуми информираат дека 51-годишниот тренер се планира да остане во Втората лига и ќе го преземе Палермо.

Наводно, Палермо платил речиси милион евра на Пиза за Инзаги и има амбиции да се врати во Првата лига следната сезона.

Палермо е во сопственост на Сити Фудбал Груп, исто како и Манчестер Сити. Меѓу кандидатите за нов тренер на Пиза се спомнуваат Алберто Џилардино и Марко Џампаоло, кој неодамна ја напушти функцијата во Лече.

Фото: Pisa SC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн ја освои „Златната копачка“ по втор пат во својата кариера

Англискиот напаѓач Хари Кејн ја доби европската „Златна копачка“ по втор пат во својата ка…