
Јанис Адетокумбо е кошаркарот за кого најмногу се пишува, заедно со Кевин Дурант изминативе денови, поради потенцијалната замена на клубот за двајцата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Додека за Дурант е извесно, за Јанис не постојат сериозни информации дека ќе го напушти Милвоки.
Посебно Шамс Шаранија беше активен околу можниот трансфер на Јанис Адетокумбо.
„На некој му недостига ли Вој (Адријан Војнаровски)?“, напиша тој на социјалната мрежа “X”.
Војнаровски е пензиониран новинар кој секогаш имаше најдобри информации од НБА-лигата и објавуваше само проверени податоци на социјалните мрежи.
Сите 12 сезони Јанис ги помина во Милвоки и се чини дека сега е извесно дека ќе остане во тој клуб, особено затоа што медиумите делумно и ги прекинаа приказните за неговото заминување.
Фото: Принтскрин