Дома Моторспорт Норис призна дека судирот со Пиастри е „неизбежен“

Норис призна дека судирот со Пиастри е „неизбежен“

Ландо Норис смета дека сударот со тимскиот колега и ривал за титулата Оскар Пиастри е само прашање на време, признавајќи дека тензиите можат да се прелеат и на патеката.

По девет трки од сезоната 2025, возачите на Мекларен ги делат само десет бода и сè укажува на тоа дека титулата ќе се одлучува токму меѓу нив двајца.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Иако Пиастри има дури пет победи и нешто постабилно темпо, Норис уште му дише во вратот и покрај турбулентниот почеток на годината.

Британецот призна дека правеше низа грешки, особено во квалификациите, но како што одминува сезоната, изгледа дека се чувствува сè поудобно со МКЛ39.

Во Барселона сепак беше побавен од Пиастри, кој и тогаш ја потврди својата одлична форма.

Досега имаа многу малку директни дуели на патеката – освен кратката пресметка во Имола каде што Норис имаше предност поради подобрите гуми.

Говорејќи пред Големата награда на Канада, Норис отворено кажа дека контактот со Пиастри е „неизбежен“.

„Никогаш не рековме дека ќе избегнеме сè,“ изјави Норис.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ферари подготвува радикален потег што ќе ја одреди судбината на тимот

Ферари донесе одлука која јасно покажува колку била болна сезоната. По целосен дебакл, Ску…