Дома Останати Тенис Македонија со победа во двојки ја доби Молдавија – сега сме на чекор од пласман во Втората дивизија!

Македонија со победа во двојки ја доби Молдавија – сега сме на чекор од пласман во Втората дивизија!

Македонската тениска репрезентација запиша значајна победа од 2-1 против Молдавија во второто коло од Дејвис куп турнирот кој се игра во Скопје, и останува во игра за пласман во Втората светска дивизија.

По еднаш се радуваа двете селекции во поединечните мечеви, па одлучувачки беше дуелот во двојки, каде што Мартин Мицов и Калин Ивановски покажаа карактер и со 2-1 ги совладаа Кјумак и Снитари. Нашиот двоец го освои првиот сет со 6-4, но во вториот, и покрај тоа што имаа две меч-топки во тај-брејкот (6-4), сепак го загубија со 7-9.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Клучен момент во третиот сет беше четвртиот гем, кога Ивановски и Мицов направија брејк без загубен поен, поведоа со 3-1 и не дозволија противниците да се вратат – сетот го добија со 6-3.

Утре нашата репрезентација ќе се сретне со Летонија во меч што може да биде пресуден за патот кон Втората светска дивизија. Македонија досега има убедлива победа од 3-0 против Малта, но и пораз со ист резултат од Црна Гора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер откри без што не може да се замисли: Подобро една недела без тенис (Видео)

Јаник Синер за време на Ју-Ес Опен потпиша договор со нов спонзор. „Експлора патувања“ ќе …