
Иван Перишиќ би можел да стане ново засилување на Барселона, откако новиот тренер на каталонскиот гигант, Ханси Флик, дал позитивна оценка за хрватскиот фудбалер, пренесува денеска шпанскиот „Мундо Депортиво“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Перишиќ е фудбалер кој Флик го цени уште од времето кога соработуваа во Баерн Минхен“, открива весникот. Германскиот стратег добро го познава неговиот квалитет и искуство, а токму тие две карактеристики му недостасуваа на Барселона во изминатата сезона.
Хрватскиот репрезентативец, кој моментално е слободен играч би можел да донесе дополнителна длабочина и флексибилност во крилните позиции на тимот од „Камп Ноу“.
Доколку дојде до договор, ова би било нов почеток за Перишиќ во Ла Лига и прва епизода во Шпанија во неговата богата интернационална кариера.