
Томас Тухел е „обвинет” дека го понижил англискиот репрезентативец, откако камерите го уловиле моментот на натпреварот против Сенегал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англичаните доживеаја непријатен пораз со 3:1 против Сенегал на Сити Граунд и тоа е прв пораз на Тухел откога седна на клупата на оваа репрезентација.
Тоа се случи и покрај совршеното отворање на натпреварот кога Кејн ги доведе Англичаните во водство по седум минути игра.
Тухел направи замени на натпреварот против Сенегал, и на теренот беа 10 нови играчи во споредба со натпреварот со Андора.
И покрај тоа, Ајван Тони не успеа да го исфрли Хари Кејн од составот, а тоа не му се допадна премногу.
Изгледаше како да нема да добие ниту една минута за да игра кога Тухел во 70. минута го воведе Нони Мадуеке во игра.
Камерите веднаш го снимија Тони на клупата кој беше фрустриран и разочаран.

Фото: Принтскрин