
Новиот генерален менаџер на Јувентус, Дамиен Комоли, потврди дека тренерот Игор Тудор ќе го води тимот и во следната сезона. Директорот на “Старата дама” ја објави веста за време на нејзината прва прес-конференција пред италијанските медиуми.
“Чест ми е да бидам генерален менаџер на Јувентус. Пораснав следејќи го овој клуб и восхитувајќи се на неговите големи шампиони, како и на победничката организација што го разликува. Јувентус отсекогаш бил пример за пример. Се сеќавам како го посетував “Деле Алпи” како скаут. Секогаш многу ја ценев културата на овој клуб“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Сакам да потврдам дека Игор Тудор ќе биде тренер на Јувентус и во следната сезона. Веќе му го соопштив тоа, а работиме заедно. Знаеме дека сме многу престижен клуб и дека има многу шпекулации, но јасно потенцирам дека Тудор ќе остане на чело на тимот. Со што ме убеди? Кога го водеше Марсеј, ме победи двапати (се смее – забелешка од редакцијата). Таму направи исклучителна работа. Се сеќавам на моите средби со Тудор во Лига 1 и на тоа какви беа интензитетот и посветеноста на неговиот тим, што навистина ме импресионираше”, коментира поранешниот претседател на Тулуз.