Дома Останати Кошарка Казинс ја провоцираше публиката, па доби „бањање“ со пиво и тргна да се тепа (Видео)

Казинс ја провоцираше публиката, па доби „бањање“ со пиво и тргна да се тепа (Видео)

Обезбедувањето и придружбата мораа да го задржат ДеМарксус Казинс (34) да не втрча во публиката и физички да се пресмета со гледачите за време на натпреварот. Некогашната ѕвезда на НБА лигата, сега член на порториканскиот тим Метс де Гвајнабо, се караше со гледачите, а при излез од арената тргна на тепачка со некои од нив.

Тоа се случи за време на натпреварот против Вајкерос де Бајамон во првенството на Порторико, а сето тоа ескалираше кога влегуваше во тунелот кон соблекувалната. Публиката тогаш започна да истура пијалак врз него што го налути до степен да се сврти и тргне кон нив.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Уште за време на натпреварот беше во судир со гледачите. Пред еден од нив се фати за меѓуножјето и тргна на конфликт пред да го спречат соиграчите, а бесот го презеде комплетно откако беше исклучен.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Поранешна НБА ѕвезда заврши во полиција, организирал покер натпревари!

Поранешниот НБА кошаркар Гилберт Аренас беше уапсен во средата заедно со уште петмина пора…