Дома Фудбал Официјално: Интер го презентираше новиот тренер

Официјално: Интер го презентираше новиот тренер

Интер сега има нов тренер. Од клубот објавија дека Кристијан Киву ќе го преземе тимот. Романецот потпиша двегодишен договор со „нероазурите“. Тој ќе го замени Симоне Инзаги, кој замина по четири години на „Сан Сиро“.

Киву доаѓа од Парма, каде што работеше околу четири месеци, но го задржа тимот во Серија А. Тој е поранешен играч на Интер, а помеѓу 2018 и 2024 година работеше со младинските екипи на „нероазурите“. Тоа што добро го познава клубот ќе му помогне, бидејќи нема да има многу време до почетокот на Светското клупско првенство.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Минатата сезона претставуваше разочарување за Интер, кој беше насочен кон три трофеи, но остана без ниеден. Тимот заврши втор во Серија А, бидејќи беше надминат од Наполи, испадна од Милан во полуфиналето на Купот на Италија и загуби од Пари Сен Жермен на финалето во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта има нова опсесија, не е Халанд, но од каде на Барселона ќе најде 200 милиони евра!?

Ова лето свесно го пропуштија „излогот на деветките“ во кој беа – Виктор Ѓокереш, Ал…