Дома Останати Ракомет Големо засилување во Охрид: Пристигна ракометар на Вардар!

Големо засилување во Охрид: Пристигна ракометар на Вардар!

ГРК Охрид го претстави новото засилување за следната сезона, во своите редови го доведоа српскиот ракометар Стефан Петриќ. Левиот бек, кој има 24 години и висина од 197 сантиметри, ќе го носи дресот на охридскиот тим во сезоната 2025/2026.

Петриќ доаѓа од редовите на Вардар, каде што настапуваше изминатите две сезони. Пред трансферот во Македонија, тој беше лидер во својот матичен клуб Партизан, а има и богато искуство во младинските селекции на репрезентацијата на Србија.

Со ангажманот на Петриќ, познат по борбеноста и силниот шут, „гладијаторите“ јасно ставаат до знаење дека имаат високи амбиции за наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пред „Јане“ ќе има навивачка фан зона за враќањето на ЛШ во Скопје!

Ракометарите на Вардар в среда ги очекува првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите…