Дома Фудбал Барселона договори засилување, но промоцијата е откажана поради бизарна причина

Барселона договори засилување, но промоцијата е откажана поради бизарна причина

Во Барселона на крајот од сезоната ги решија обновувањата на договорите со Ханси Флик и клучните играчи на овој тим, па сега може да се фокусираат на доведување на нови засилувања. Веќе е познато кого успеа да купи Барселона, но поради годишниот одмор, претставувањето на новиот член на Каталонците е кратко одложено.

Барселона во изминатата сезона ги воодушеви сите со своите игри и успеа да освои тројка во Шпанија, па се врати на големата сцена во најдобро светло.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Раководителите на каталонскиот клуб по завршувањето на сезоната прво одлучија да ги обноват договорите со клучните членови на овој тим. Прв ја продолжи верноста кон Барселона тренерот Ханси Флик, а потоа тоа го направија Рафиња и Ламин Јамал.

Очигледно е дека Жоан Лапорта и Деко прво тоа сакаа да го решат за да остатокот од летото можат да бидат фокусирани само на трансферите и доведување нови засилувања.

Со Барселона веќе се поврзуваат неколку звучни имиња, но изгледа дека на сите им е јасно кој ќе биде првото летно засилување на каталонскиот клуб.

Шпанските медиуми објавија дека Барселона доведува нов голман од редовите на градскиот ривал Еспањол, а станува збор за Жоан Гарсија кој дал зелено светло за трансферот и се согласил на условите кои му ги понудија Каталонците.

Многу медиуми во Шпанија потврдија дека Гарсија се согласил на трансферот во Барселона, но неговиот потпис и официјално претставување се одложени поради интересна причина.

Поточно, Гарсија откако заврши сезоната во Шпанија заминал на одмор кој ќе трае уште најмалку седум дена. Исто така, во негова полза е што ни Деко не е моментално во Барселона и поради тоа неговото претставување и потпишувањето на договорот се пролонгирани.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мекинро објасни како Ѓоковиќ има повеќе шанси да го победи Синер

Иако е 38-годишник, 15 години постар од својот денешен ривал – Новак Ѓоковиќ е побли…