
КРАЈОТ на минатата година Премиер лигата беше потресена од скандал кога во јавноста излегоа видеозаписи на кои судијата Дејвид Кут го навредуваше Ливерпул и неговиот поранешен тренер Јирген Клоп, како и снимки на кои Кут користи бела прашкаста материја. Судијската организација поради тоа го раскина договорот со него, а УЕФА го суспендираше до јуни 2026 година.
Суспендираниот судија работи како доставувач
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сега на социјалните мрежи кружи фотографија која го прикажува со што се занимава Кут во моментов. Суспендираниот судија работи како доставувач за една курирска служба, а го препозна и го фотографираше човекот на кого му достави пакет. Откако фотографијата се појави, Кут за „Сан“ изјави:
“Само се обидувам чесно да заработам пари. Сакам да продолжам понатаму со мојот живот и повторно да бидам одговорна личност. Оваа работа ме одржува зафатен, не станува збор за некоја нова, долгорочна кариера. Работам што сакам и сум фокусиран на важните работи во животот, како семејството и пријателите.”
.You know the games gone when David Coote is at your door delivering a package 🤣 pic.twitter.com/xFEWeLnJKK
— Matt J🍒 (@MattJAFCB) June 2, 2025