
Реал Мадрид сака да ја подмлади средината од теренот, а во тоа би можел да му помогне неговиот поранешен фудбалер Тони Кроос.
Средината на „Кралскиот клуб“ ќе биде значително ослабена од следната сезона по заминувањето на Лука Модриќ, кој изминатата деценија беше заштитно лице на оваа линија на тимот, па управата веќе фрли око на нов млад играч од средниот ред.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Станува збор за фудбалерот на Штутгарт, Ангело Штилер. Интересно е што младиот играч од средниот ред и Тони Кроос ги поврзува истиот менаџер – Волкер Струт, кој би можел да биде клучна карика во можниот трансфер на Штилер во Реал Мадрид.
Штилер во договорот со Штутгарт има клаузула за откуп според која секој клуб кој ќе уплати 36 милиони евра може да го доведе. Меѓутоа, таа клаузула стапува на сила дури од следната година, а до тогаш ќе бараат значително поголема сума за неговото заминување.
Токму тука би можеле Крос и неговиот менаџер да одиграат важна улога во преговорите и да го приближат младиот Германец на трансфер кон „Сантијаго Бернабеу“.