
Актуелниот НБА шампион Голден Стејт после неубедливиот почеток влезе во препознатливата форма и синоќа ја оствари третата победа во низа, откако го победи Денвер со 127:108.
Триото, Дурент-Кари-Грин беше нерешива енигма за домашниот тим. Кевин Дурент беше најефикасен во редовите на „Воините“, а средбата ја заврши со учинок од 25 поени и по седум скокови и асистенции.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Стивен Кари оствари дабл-дабл учинок со 22 поени и 11 асистенции, додека Дрејмонд Грин покрај 15 поени имаше осум скокови и седум асистенции.
Во домашниот тим, подобар од останатите беше Вил Бартон кој запиша 21 поен, осум скока и пет асистенции.
Сигурна победи извојува и Сакраменто против Детроит со 108-99, а Андре Драмонд со „дабл-дабл“ учинок од 16 поени и 19 скока беше најдобар поединец на средбата.
Резултати:
Детроит – Сакраменто 108:99
Чикаго – Њу Орлеанс 90:96
Минесота – Далас 112:99
Денвер – Голден стејт 108:127