Дома Фудбал Крвава прослава во Париз: Две жртви и 559 уапсени

Крвава прослава во Париз: Две жртви и 559 уапсени

Француското Министерство за внатрешни работи објави дека за време на ноќта од сабота кон недела двајца луѓе загинале во Париз, а полицијата привела 559 лица низ цела држава, од кои 491 во „Градот на светлината“.

Повеќето инциденти се случија за време на огромната прослава на улиците на Париз поради победата на Париз Сен Жермен над Интер во финалето на Лигата на шампионите во Минхен со 5:0 (2:0).

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Во Париз, трагично ја загуби животот една жена што се движеше на скутер, која беше прегазена од автомобил, при што кај возачот не беше утврдено присуство на алкохол или дрога.

Во исто време, 17-годишно момче било смртно прободено во Дакс, бањски град на крајниот југозапад на Франција.

Како што е прикажано во видеото од насловната, полицијата имаше чести интервенции околу стадионот и на Елисејските полиња, каде исто така се собрале голем број граѓани.

Органите на редот користеле водени топови кај Триумфалната капија. Околу „Парко де Пренс“ имало видео-бием пренос, што го следеле 48.000 луѓе.

Се шпекулира дека околу 11,5 милиони луѓе низ цела Франција излегле за да го гледаат натпреварот на јавни места, користејќи (не баш мали) екрани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Александар Митровиќ во трансфер од 40 милиони евра може да се пресели во Италија

Фудбалскиот клуб Милан пројави интерес за потписот на српскиот репрезентативец Александра …