Дома Фудбал Донарума го крена трофејот во ЛШ, а потоа со изјава го понижи Интер

Донарума го крена трофејот во ЛШ, а потоа со изјава го понижи Интер

Џанлуиџи Донарума синоќа во финалето на Лигата на шампиони го заштити својот гол, а потоа даде изјава која многумина ја оценија како провокативна.

ПСЖ триумфираше без особени проблеми против Интер во завршницата на европското првенство и заслужено го освои престижниот трофеј.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Италијанскиот чувар на мрежата беше во центарот на вниманието целата сезона, а ни синоќа не дозволи да биде совладан.

Овој 26-годишен фудбалер сосема заслужено го крена пехарот, но неговата изјава по натпреварот не беше добро примена од страна на поддржувачите на Интер.

“Ова воопшто не наликуваше на финале од Лигата на шампиони, беше многу лесно”, изјави Донарума.

Ако бидеме искрени, неговите зборови целосно ја отсликуваат вистината, но од друга страна претставуваат знак на непочитување.

“Во право е, но можеше да се изрази подобро”, “Ова е навреда”, “Срамно” – оџиви на ова изјавија корисниците на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави признава: Ова ми беше најголемата грешка, и потоа не освоивме ништо!

Во текот на конференцијата за лидерство на Универзитетот ЕСИК, поранешниот тренер на Барсе…