Дома Фудбал Кварацхелија со уникатно достигнување

Кварацхелија со уникатно достигнување

Крилото на Пари Сен Жермен Хвича Кварацхелија може да се пофали со уникатно достигнување по синоќешниот триумф во Лигата на шампионите, кој дојде со категорична победа од 5:0 над Интер на “Алианц Арена”.

Кварацхелија постигна неверојатен квадрупел сезонава. Бидејќи во првиот дел од сезоната играше за Наполи, грузискиот репрезентативец може да се смета за шампион во Серија “А”. Со ПСЖ пак триумфираше како во Лига 1, така и во Купот на Франција, а трофејот во ЛШ беше шлаг на тортата. Со тоа, Хвича е во моментот првак истовремено на Италија, Франција и Европа.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Освен тоа, со голот кој го направи резултатот 4:0 во синоќешниот натпревар, Кварацхелија стана и првиот Грузиец кој постигнал гол на финале на ЛШ. Голот беше негов седми како играч на ПСЖ во 25 натпревари, во кои има и шест асистенции. Во првиот полусезон, пак, 24-годишниот фудбалер запиша пет голови и три асистенции во 19 натпревари за Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Какви легенди! Двајца тиктокери поминаа 27 часа во тоалета и – бесплатно го гледаа финалето во Лигата на шампионите!

Двајца Белгијци, познати на социјалната платформа TikTok, минатиот викенд останаа заклучен…