
Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Индзаги, изјави дека неговиот тим морал да одигра многу подобро во финалето на Лигата на шампионите, но дека Пари Сен Жермен ја заслужил победата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Требаше да бидеме подобри, особено јас. Игравме против тим кој беше подобар од нас и кој заслужено победи во ова финале од оваа Лига на шампиони. Очекувавме подобра игра, но не успеавме да го покажеме тоа”, изјави Индзаги за “Скај Италија”.
Интер синоќа претрпе тежок пораз од 0:5 против Пари Сен Жермен во финалето во Минхен, кој е најубедлив пораз во историјата на овие натпревари.
“Лошо го започнавме финалето и по примениот прв гол не успеавме да се вратиме во игра. Имаше премногу простор меѓу линиите, претрпевме голови кои претходно не ги примавме. Требаше да бидеме подобри, и јас вклучително, но не треба да заборавиме што успеавме да постигнеме оваа сезона. Ние сме разочарани и гневни, но морам да ја пофалам екипата за успехот во сезоната”, додаде Индзаги.